Повторниот раст на бројот на нови случаи на коронавирус регистриран од страна на некои европски земји во последните неколку недели е предизвикан од промените во мерките за социјално дистанцирање, изјави денеска портпаролката на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Сара Тајлер.

Според неа, ризикот од повторна појава и ширење на болеста ќе продолжи и треба да биде „одржливо контролиран со ригорозна примена на јавноздраствените мерки, бидејќи вирусот циркулира меѓу и во рамките на земјите”, пренесе Тасс.

Ние им препорачуваме на сите влади да продолжат со тестирања, следење, лекување и изолација, да го следат растот на нови случаи и повторно да воведат построги мерки, доколку е потребно, со целосно вклучување на заедниците. Клучно е и одржувањето на основните здравствени услуги – рече Тајлер.

Таа потсети дека успехот зависи од целото општество.

Покрај тоа, секоја индивидуа би можела да придонесе во овие напори следејќи ги санитарните регулативи, како што се миење на рацете, чување на безбедно растојание од другите и носење маска – таму каде што е можно – рече Тајлер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.