Светската здравствена организација прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на мајмунските сипаници, откако ризикот во Европа беше опишан како „висок“, објави „Скај њуз“.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за „глобална здравствена вонредна состојба“, објави „Скај њуз“.

Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција изјавил дека и покрај тоа што Комитетот на СЗО не може да постигне консензус, сепак прогласил вонредна состојба.

Тој додал дека ризикот на глобално ниво е „умерен“, освен во Европа каде што е „висок“.

Геј и бисексуалните мажи се несразмерно погодени од ширењето на вирусот, со 98% од заразените од оваа група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.