Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во понеделникот дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските агенции.

Според податоците засновани на извештаи од национални агенции, Грција и Кипар имаат најголеми стапки на инфекции од почетокот на пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број коронаинфекции регистрирани во последните шест месеци.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони случаи и повеќе од 1,2 милиони смртни исходи поврзани со заразата од коронавирус.

Според анализата на моменталната состојба во Европа, повеќето дневни инфекции се регистрирани во Велика Британија (повеќе од 40.000 случаи на ден), следува Шпанија со 25.000 случаи на ден и 16.100 случаи во Франција во последните 24 часа.

Минатата седмица Грција објави најголем број заразени од почетокот на пандемијата, 4.300 случаи, а Кипар исто така достигна најголем дневен број инфицирани со Covid-19, со 1.000 лица во 24 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.