Во кинескиот град Вухан пред една година беше воведена блокада без преседан. 11 милиони жители се изолирани од останатиот свет, во очајниот потег за да се спречи ширењето на коронавирусот. Тој обид пропадна.

Случаи на заразата брзо беа регистрирани на Тајланд, Јапонија и Јужна Кореј, а САД започна да врши ограничување во патувањето од и до Кина.

Во Вухан беа отворено и импровизирани болници за лекувњето на 1000 заболени, додека пак втората во свет економија по сила запре, додека властите се бореа да се справат со вирусот.

Во февруари вирусот и официјално беше именуван како Ковид-19, а Европа се соочи со првиот бран. На 11-ти март СЗО прогласи пандемија.

„Никогаш не сме виделе пандемија како коронавирусот. Ова е прва од ваков вид, која не може да се стави под контрола“, вели генералниот директор на СЗО.

Вкупниот број на заразени во светот надминува 100 милиони, повеќе од 2 милиони лица починаа, најповеќе во САД, Бразил и Индија. Повеќе од 50 земји во моментов спроведуваат вакцинација на населението, одобрена е употреба на неколку вакцини, но сиромашните земји не успеваат да обезбедат доволно дози.

Во Кина благодарение на затворањето на границите и воведените рестрикции епидемијата вонглавно е сизбиена, но властите на север сега се борат со новите случаи, а во Пекинг се воведени нови масовни тестирања.

Кина не е единствена, земји кои претходно се фалеа во успешноста, сега повторно воведуваат нови рестрикции.

2021 можеби е нова година, но од Светската здравствена организација предупредува дека борбата против пандемијата не е ниту при крај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.