„Вакцини: Дилеми и заблуди“ е името на трибината на која граѓаните ќе може да се информираат за имунизацијата и да ги решат сите дилеми кои ги имаат поврзани со вакцинацијата. Како што објасни доктор Ленче Нелоска, магистер по јавно здравје, ова е прва ваква трибина, не само во Скопје, туку и во Македонија.

На гостувањето во утринската програма на МТВ, доктор Нелоска порача дека граѓаните имаат легитимно право да ги добијат сите одговори.

Не постојат глупави, неадекватни прашања, кога станува збор за здравјето на вашето дете. Наша должност е да дадеме најдобар одговор и на тој начин, како лекари, да придонесеме за општото здравје, што е наша прва задача, порача таа.

Погледнете го целото гостување на доктор Нелоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.