Не е потврдено дека постоечките вакцини не се ефикасни против новиот вид на Ковид-19, што беше откриен во Велика Британија. Светска здравствена организација продолжува со испитувањата, изјави денеска претставничката на СЗО во Русија, Мелита Вујнович.

Велика Британија соопшти дека новиот вид е позаразен, но засега нема информации дека предизвикува потежок облик на болеста или дека вакцините се помалку ефикансни против него- посочи Вујнович.

Таа додаде дека новиот вид на вирусот има 14 мутации, од кои некои можат да влијаат врз степенот на заразност и на сериозноста на болеста.

Русија на 22 декември привремено го стопира воздушниот сообраќај со Велика Британија поради новиот вид на Ковод-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.