Светската здравствена организација (СЗО) издаде препорака временскиот интервал помеѓу две дози на вакцината „Фајзер/БиоНТек“ да се продолжи до шест недели.

Стратешката советничка група на експерти за имунизација на СЗО, позната како САГЕ, денеска објави официјални упатства за администрација на вакцини во кои се наведува дека препорачаниот интервал помеѓу две дози е од 21 до 28 дена.

СЗО исто така забележа дека голем број земји се соочуваат со исклучителни околности за ограничување на залихите на вакцини во комбинација со голем товар како резултат на болеста и дека некои земји размислувале за одложување на администрацијата на втората доза за да добијат што е можно повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.