Потребна е вакцинација на околу 60 до 70 проценти од населението за да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирусот, соопштија вчера од Светската здравствена организација (СЗО).

Стапката е утврдена врз основа на неколку студии, изјави Кетрин О’Бријан, шеф на одделот за имунизација на СЗО, на прес-конференција во Женева.

О’Брајан, меѓутоа, истакна дека вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе биде појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините што сега се тестираат, пренесоа британските медиуми.

Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, рече таа.

Покрај сознаението колку добро вакцините можат да ја спречат инфекцијато со Ковид-19, се поставуваат и прашањата дали тие го отежнуваат престојот на вирусот во носот и грлото кај луѓе без симптоми и дали вакцините го отежнуваат пренесувањето на вирусот од едно на друго лице, додаде О’ Бриен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.