Децата и адолесцентите се во помал ризик од добивање на тежок облик на Ковид-19, соопшти денеска Светска здравствена организација, при тоа упатувајќи апел до државите да ги споделат вакцините со сиромашните држави во рамките на програмата КОВАКС.

СЗО укажа на ретката појава на воспаление на срцевиот мускул кај помладите лица, по примањето на мРНК вакцините на Фајзер и Модерна, но нагласи и дека последиците се благи и луѓето кои имале несакани ефекти добро реагирале на лекувањето на миокардитисот.

Бидејќи многу делови од светот се соочуваат со недостиг на вакцини, земјите кои вакцинирале многу луѓе треба прво да ги споделат вакцините со остатокот од светот, пред да ги вакцинираат децата и адолесцентите, наведе СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.