Студија спроведена во Велика Британија покажала дека антибиотиците „азитромицин“ и „доксициклин“ генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции.

Студијата изведена во Универзитетот во Оксфорд, покажала дека „азитромицин“ и „доксициклин“ не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со еден од овие два антибиотици.

На веб-страницата на Универзитетот во Оксфорд е објавено дека повеќе детали во врска со испитувањето ќе бидат објавени наскоро во научно списание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.