На својот фејсбук профил Верче Крстевска како поддршка на Ирена напиша: На 25 години животот треба да почне, а не да заврши! На 25 години треба да летаме! Еден миг, едно трепнување, една секунда не дели од тоа што ни на крај памет не сме го помислувале..

Од живот, од полет, од радост, до бесознание, очај и неверување… Една секунда го менува животот, само една , ама кобна! 3 години да молиш, да преколнуваш, да плачеш, да бараш од народот малку милосрдие бидејки знаеш дека не можеш сам, немоќен си! Колку и да сакаш немоќен си! Да си ја проколнуваш судбината, а не си крив, не е твоја вина… Каков е ваквиот живот, кога на 25 години животот треба да зависи од добрата воља на луѓето…

ЕПА ОД НАС ЗАВИСИ, ТОА Е! На 23 години некој да ти го прекине нормалниот живот, ти се кршат прешлени и остануваш закован за кревет! И три години се молиш по институции, по народ, по цела нација..Три години ти плачат децата да ги кренеш во раце и да ги гушнеш-сакаш а не можеш, три години дете од 4 години да носи на мајчичка вода да се напие, со плачење и ја носи и ја моли да стане.

И мајката плаче, ахх колку би сакала да стане, да го крене во раце и да го гушне своето расплакано дете, ама не може, само лежи, го гледа и солзи и се тркалаат по лице кутрата… Вака ли заспива дете во прегратки кај мајка? Вака ли кутрото се качува на кревет само за да си ја осети мама и да си нана со неа?! Вака ли со солзи треба да заспиваат ..?

Стани Ирена, ние ќе те држиме! Стани, не имаш нас-народот. Стани и гушни си ги децата! Аде Македонијо да ја испратиме. Ирена во Русија и да ја дочекаме назад на нозе!

ВИП 143 500; ТЕЛЕКОМ 143 115; DEVIZNA SMETKA Irena Tanceva IBAN MK07 320540027415089

SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

ZIRO SMETKA: 320500027414994

Ајде Македонијо, сите заедно да да ја застанеме на нозе Ирена! Ширете го постов, нека стигне до сите! Ирена, денес сите гласови одат за тебе и твоите деца!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.