Секој организам е приказна за себе и ако имате здрав организам, ќе добиете добар имунолошки одговор, без разлика која и да ја примите. На пример „Синофарм“ и „Фајзер“ работат на различни принципи и произведуваат различни антитела – вели д -р Борислав Каменов, познат имунолот од Србија.

„Синофарм“ внесува инактивиран вирус во телото и на тој начин треба да го стимулира нашиот имунолошки систем да реагира и да произведува антитела. Меѓутоа, како што вели д -р Каменов, тоа не се случува секогаш, што се покажало и во пракса. Нашето тело не реагира секогаш, особено кај оние чие здравје е веќе нарушено, и затоа бројот на антитела е помал.

Од друга страна, „Фајзер“ го зголемува бројот на антигени со испраќање инструкции до нашиот имунитет преку информативна mRNA за тоа како да се создадат антитела без да се воведе мртов вирус.

Ова е причината зошто многумина, откако примија 2 дози на вакцина за „Синофарм“ и една „Фајзер“, открија дека нивните антитела нагло пораснале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.