Руската вакцина против ковид-19 Спутник V ефикасна е околу 83 отсто против делта сојот, што е помалку отколку што се претпоставуваше, потврди рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Произведувачите на вакцината во јуни соопштиле дека Спутник V е околу 90 отсто ефикасна во однос на делта сојот, а рускиот министер соопшти дека најновите резултати покажуваат дека ефикасноста е околу 83 отсто, пренесува ТАСС.

Мурашко изјавил и дека ефикасноста на вакцината Спутник V против тешки форми на болеста кои изискуваат хоспитализација надминува 95 отсто.

Директорот на институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја развил вакцината, порача дека Спутник V е безбедна и ефикасна вакцина против сите познати соеви на коронавирусот.

Руските власти сметаат дека делта сојот е одговорен за порастот на случаите на коронавирусот во јуни и во јули, како и на неподготвеноста на населението за имунизација и покрај широката достапност на вакцината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.