Белорусија ќе започне со производство на руската вакцина против коронавирус Спутник V во март, а месечниот обем на производство ќе достигне околу 500.000 дози, изјави денеска министерот за здравство Дмитриј Пиневич на состанокот на Министерството за здравство.

– Планираме да започнеме со производство на Спутник V, користејќи ги капацитетите на нашата фармацевтска индустрија. Планираме да произведуваме 500.000 дози месечно, истакна Пиневич, пренесе ТАСС.

Според него, Белорусија сега поминува низ вториот бран на пандемијата со тренд на опаѓање на стапката на инфекција во сите региони. – Најверојатно, третата фаза од зголемувањето ќе биде помалку интензивна, многу ќе зависи од увозот на нови варијанти и обемот на вакцинација, нагласи Пиневич.

Тој додаде дека во моментов има околу 25.000 вакцинирани во земјата и дека први вакцинирани се здравствените работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.