Со акцијата „Голови за победа, голови за радост“, „Sport Life“ го претвори секој гол на македонските ракометари на СП, во донација за хумани цели.

Со оваа хуманитарната акција „Sport Life“ обезбеди средства кои ќе бидат донирани за набавка на два нови премиум монитори за виталните параметри кај пациентите за потребите на КАРИЛ – Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На светското ракометно првенство кое се одржа од 10-ти до 27-ми јануари, „Sport Life“ навиваше за Македонија, притоа наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2 000 денари, со што се стигна до сума од 400.000 денари.

Целта на „Sport Life“ беше преку оваа хумана акција да придонесе кон она што е најпотребно и најважно за сите нас – здравјето, и во таа насока по пристигнување на опремата, во соработка со претставниците на Министерството за здравство, истата ќе биде врачена на клиниката за КАРИЛ.

https://sportlife.com.mk/golovizaradost

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.