Регистрирани се 63 случаи на заболување меѓу здравствени работници, објави вечерва Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавени се вкупно 15 нови случаи на COVID-19 од 5 градови. Најголем број од пријавените лице се со место на живеење во Куманово.

Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 женски и 6 машки лица.

Хоспитализирани се 3 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 5 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.

Кај 6 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 10 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а нема лица кои имаат историја на неодамнешно патување.

Тестирани се вкупно 202 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 15 или 7,4% од тестираните.

Регистрирани се три смртни случаи од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за пациенти од Тетово и Кочани. Едниот случај е со место на живеење во Тетово кој бил хоспитализиран во Заводот за рехабилитација и физикална терапија – Козле, а после препратен на КИБФС каде и починал во тек на ноќните часови на 05.04.2020. Коморбидитети: невромускуларно заболување и хипотироидизам, без историја на патување и контакти со заболени. Вториот случај е од Кочани, 40 годишен маж, хоспитализиран на КИБФС на 29.03.2020 каде и починал во тек на вчерашниот ден. Случајот е без регистрирани коморбидитети и без историја на патување и контакт со заболен. Третиот случај е со место на живеење во Тетово, 66 годишно лице од машки пол, потврден на 28.03.2020, а хоспитализиран на КИБФС на 29.03.2020 каде и починал. Лицето е без евидентирани пропратни коморбидитети и без историја на патување и контакти со позитивен случај.

Заклучно со 05.04.2020, пријавени се вкупно 570 случаи на COVID-19.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 84,8, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп и Струга.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 276 машки и 294 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,6/100.000, додека кај женските 28,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 124 (21,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 44,6/100.000.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.