Нема причина за паника, системите се подготвени, воспоставена е контрола, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски откако министерот Венко Филипче соопшти дека 50-годишна скопјанка е првата пациентка во Македонија со коронавирус.

Преземени се сите мерки врз основа на сите протоколи, по оваа последна информација преминуваме на следната фаза за справување со една ваква состојба. Исклучиво постапуваме според сите препораки на СЗО, рече Спасовски.

На новинарско прашање Спасовски одговори дека на сите училишта им дале задолжение да ги откажат екскурзиите во Италија, но засега сметаат дека нема потреба од никакви други ограничувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.