Во Гостивар и околината се бележи значителен пораст на новозаразени со корона вирусот и состојбата станува сериозна. Во билетенот на здравствените власти до денеска биле забалежани 261 активен случај. Ова е беше констатирано на состанокот на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Оценка е дека забрзаното ширење на вирусот се должи на неодговрноста на граѓаните што не ги почитуваат мерките.

Во гостиварскиот регион изминативе денови во извештајите имаше двоцифрени бројки на нови активни случаи, а минатата недела беше во самиот врв со 22 случаи.

Од кризниот штаб испратија апел до граѓаните и институциите за доследно почитување на мерките за заштита и особено на подигање на свеста за постоење на болестта. Во Гостивар било забележано дека дел од новоинфицираните имале контакти со заболени при домашни посети.

Во моментов на нашето подрачје има 283 излекувани лица, а со позитивни тестови во домашни услови се наоѓаат и лекуваат 240. Во болниците има 21 пациент. За жал има неодоговрни граѓани и покрај контактите со заболени не ги почитуваат протколите и се шетаат слободно и на тој начин ствааат во ризик многу други лица. Властите тоа мора да го санкционираат и да бидат поригорозни, рече Ваљбон Лимани од кризниот штаб.

Од почетокот на пандемијата во трите општини како позитивни на Ковид 19 се регистрирани 572 граѓани, најмногу во Гостивар 447, во Врапчиште 112 и маврово Ростуше 13 . Од нив како активни се водат 261, од кои две третини (214) се на територијата на општина Гостивар. Досега како последица од Ковид-19 починале 28 лица (Гостивар 20, Врапчиште 7 и Маврово Ростуше 1). Досега направени се 1.954 тестирања.

Во овој период на 67 лица изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а полицијата извршила контроли на 368 лица и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.