Соседи сведочат: Жената со корона не пристигнала вчера, туку пред неколку дена!

Здравје 27.02.2020 / 17:24

Жената на која вчера и беше дијагностициран корон вирус не влегла во Македонија вчера во утринските часови како што соопштија надлежните, туку пред неколку дена. за ова сведочат соседи на жената која живее на Кале. Велат дека неколку дена претходно ја гледале сосетката.

Таа беше вратена од Италија, но пред неколку ден, велат очедивидци од соседството во населбата на Кале.

Во текот на вчерашниот ден надлежните дадоа различни информации за жената за која беше утврдено дека има короа вирус.

Прво беше кажано дека пристигнала во земјава рано утрината и сама се упатила на Клиниката за инфективни болести, потоа следеше изјава дека „беше спроведена од граница на Клиниката за инфентивни болести“, за на крај министерот за здарвство Венко Филипче да каже „не кажала на граница дека е болна“.

Оваа информација е многу важна поради дертектирање на лицата со кои била во контакт од една страна и од друга, доколку имало соодветна контрола на граница ќе се избегнеле контактактите и бројката на лица кои е можно да се заразени ќе биде далеку помал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.