Новиот Универзитетски клинички центар што ќе биде лоциран во скопската општина Ѓорче Петров, треба да почне да се гради во текот на зимата.

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски клинички центар на гринфилд локација во Скопје, како и Информацијата за започнување на реализацијата на новиот Универзитетски Клинички центар.

Конзорциум од три странски банки кои понудиле најдобри услови ќе го дадат заемот за Клиничкиот центар, а кредитот изнесува 500 милиони евра, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче изјавил дека на почетокот на август ќе распишат еден тендер и за проект и за изградба и опрема. Пред удирање на темелите на местото Веле Поле треба да биде обезбедена вода, струја и канализација. Изградбата според министерот Филипче ќе трае 7 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.