Службата за итна медицинска помош ќе се зајакне со 70 возила најави министерот за здравство Венко Филипче.

Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме – набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред се да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека со тоа, заедно со мерката за вработување на сите доктори на платен стаж од 30 илјади денари, докторите започнуваат со работа непосредно после добивањето на лиценцата од Лекарската комора за што има отворен процес на аплицирање, кој како завршува веднаш може да почне согласно местото на живеење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.