Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ се обрати преку фејсбук, барајќи од граѓаните да останат дома.

Во вакви моменти, сетете се, дека плаќаме најмал процент за здравствено осигурување, во просек по 1700 денари од вработен, со чии пари се осигурани по најмалку 3 други граѓани и дека истото многу граѓани или го избегнуваат или го сведуваат на минимум.
Да ве потсетиме дека наши колеги моментално дежураат за 0 денари, немаат оброк ниту платено здравствено.
Да ве потсетиме дека просечната старосна граница пред последниот бран на вработувања беше над 50 години.
Дека 700 милиони евра се потрошија на згради и фасади а немаме Клинички центар.
И дека џабе респиратори ако нема кадар кој ќе раководи со апаратите.
Имаме медицински факултет на кој е забрането да фатиш сонда од ехо, а не пак друго. Преносот на знаење е како во фамилијарен бизнис.
Сетете се на ова кога системот ќе падне.
На сите тепања и малтретирања на здравствени работници.
Ова е битка на цела држава, ама војниците во први редови се здравствените работници.
Мора поголем респект за сите кои гинат на фронтот. Обичен судија или пратеник е поплатен од субспецијалист, а 13 години е просечната формална едукација за 1 професионалец. Па цел живот доедукација и тренинг. Системот на вредности мора да го вратиме во права насока.

Почитувани, следете ги насоките на медицинските лица, бурата допрва почнува. Мора да бидеме со збиени редови и мобилизирани за секакво сценарио.

Читајте се што сте пропуштиле, слушајте музика, гответе, гледајте серии и филмови.
Во безбедни раце сте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.