Скринингот што го спроведуваат здравствените власти, а се однесува на вработените во градинките и во установите за згрижување стари лица покажа дека има еден позитивен случај.

Во изминатото деноноќие 251 тест за ковид-19 од вкупно 622, се направени во рамки на скринингот и има еден позитивен. Случајот е детектиран, како што информираа од Министерството за здравство е во геронтолошка установа во Скопје.

Министерството соопшти дека во последните 24 часа се регистирани 25 новозаболени, тројца починати и 17 оздравени од ковид-19 во земјава.

Досега преку скрининг направени се вкупно 2 680 тестирања за ковид-19. Покрај денешниот, претходно беа регистрирани и два други случаи, во градинки во Скопје и во Битола.

Вчера настана забуна во бројките кои ги објави Министерството за здравство откако прво информираа дека има еден позитивен случај во геронтолошка установа во главниот град, а потоа соопштија дека е направен технички превид и дека всушност таа вработена била негативна на тестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.