Педетгодишната скопјанка, која е првиот заболен пациент во Македонија со коронавирус е на Интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Жената е на интензивна нега, тоа значи изолација од останатите болни. Свесна е, ориентирана и дише слободно. Лекарите си ја спроведуваат својата активност, изјави денеска д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Скопјанката со коронавирус во земјава влегла преку граничниот премин Табановце. Дотаму дошла со автомобил, а потоа со домашно возило е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Таа еден месец месец била во посета на Италија.

Екипата која ја примила е опремена со комплетна заштитна опрема, влегла од посебен влез, и спроведена е согласно сите протоколи на Интензивна клинина.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.