Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација, изјави Венко Вилипче, министерот за здравство.

Вчера во Македонија беше потврден првиот случај на коронавирус во Македонија. Станува збор за 50-годишна скопјанка која еден месец била на гости во Италија. Две недели таму била болна и посетила здравствена установа, но таму не ја тестирале за коронавирус. Се вратила во Македонија со комбе во кое биле уште осум патници и возач. По враќањето во Скопје се пријавила на Инфективната клиника во Скопје каде што е потврдено дека има коронавирус.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка, рече министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.