Корона вирусот, како ретко која болест го фати светот неподготвен и целосно изненаден од неговото однесување. Не само што со неверојатна брзина се прошири во сите делови од Планетата, но и поради широкиот опсег на манифестирање кај различни луѓе.

Се проценува дека едно од пет лица може да биде асимптоматски случај, но има извештаи за здрави лица кои развиваат компликации опасни по живот. Што е уште позбунувачки е тоа што Ковид-19 предизвикува симптоми слични на сезонскиот грип, нешто што ќе биде особено нагласено со доаѓањето на есента и приближувањето на сезоната на грипот.

Сепак, има одредени показатели според кои можете да ги разликувате сезонскиот грип и Ковид-19.

Главните симптоми на Ковид се треска, континуирана кашлица и губење на чувството за мирис и вкус.

Сепак, вашиот лекар ќе се сомнева во Ковид и ако развиете некој од невообичаените знаци на предупредување, како што е осип на кожата, сè до резултатите од тестот. Црвенилото и чешањето на прстите на рацете и на нозете може да бидат предупредувачки знак.

Во една неодамнешна студија, истражувачите понатаму се обидоа да го испитаат овој симптом и на тој начин откриле дека од 11.546 субјекти, 17 проценти од позитивните лица со Ковид имаат осип како прв симптом.

Од друга страна, друг начин да се разликува сезонскиот грип од Ковид е гастроинтестинални проблеми како што се дијареја, повраќање и болки во стомакот, за кои се пријавени повеќе од половина од заболените во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.