Македонија донесе одлука да прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа откако уште четири лица се ново заразени од коронавирусот од овој регион.

Ова значи дека во овие општини целосно е забрането влез и излез на луѓе.

Кризна состојба е донесено заедно со одлуката да се ограничи движењето во Дебар и Центар Жупа. Тоа значи забрана за влез и излез од овие општини и имаме обврска да направиме оперативен план. Нам, од страна на стручните лица, епидемиолози, ни беше укажано што и како треба да се направи и еден дел од екипата без разлика на кризната состојба е веќе упатена во Дебар од утрово за да се направи подетална анализа на контактите, интервјуа и слично, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Сите нови четири пациенти кои ќе бидат префрлени на Универзитетската клиника за инфективни болести се со лесна клиничка слика.

Тоа беше причина зошто дополнително со членовите на Комисијата за заразни болести утрово разговаравме, а тие информации ги изложивме и пред Управувачкиот комитет за управување со кризи. Управувачкиот комитет предложи да се воведе кризна состојба на овој дел во општините Дебар и Центар Жупа и веднаш потоа на седница на Владата се донесе оваа мерка и одлука за ограничување на движењето на луѓето кои живеат во овие општини. Согласно Законот, во следните 24 часа ние веќе закажавме седница на Комисијата за заразни болести и на Управувачкиот комитет, уште една во тек на попладнето за да се разработи оперативниот план, за детали во однос на тоа како ќе се функционира во рамки на овие општини, каде сега е кризна состојба. Врз основа на тие заклучоци и мерки, кои ќе се донесат во текот на попладнето, на прес-конференција или со соопштение ќе ја информираме јавноста, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.