Ши Џенгли, врвен кинески вирусолог, која се соочува со испитувања среде теории дека коронавирусот може да потекнува од нејзината лабораторија, ги отфрли овие тврдења. Таа вели дека „светот, туку така, само фрла нечистотија врз невин научник“.

Среде пандемија на коронавируси, Ши Џенгли, научник од Институтот за вирусологија во Вухан, беше пофалена за тоа што и помогна на нејзината земја да го спречи ширењето на вирусот, но во исто време беше критикувана затоа што се најде во фокусот на теориите на заговор за потеклото на вирусот.

Обраќајќи се на јавноста, жената, која многумина ја нарекуваат „Жена лилјак“, за „Њујорк Тајмс“ изјави дека „нема докази“ кои ги поткрепуваат обвинувањата против нејзината лабораторија.

„Како, побогу, да понудам докази за нешто за што нема докази“, рече таа.

Во текстуална порака таа напиша: „Не знам како дојде светот до ова, постојано истура нечистотија врз невин научник“.

Идејата дека коронавирусот може да „избегал“ од лабораторијата во Вухан, подолго време е отфрлена од членовите на научната заедница, додека други ги исмеваа ваквите теории на заговор заради нивната поврзаност со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Меѓутоа, повиците на новиот американски претседател Џо Бајденд за транспарентна истрага за потеклото на короната, ја вратија таа теорија во центарот на вниманието.

Додека генералниот директор на Светската здравствена организација за време на брифингот на Г7 за пандемијата рече дека „секоја хипотеза треба да биде отворена“ во обид да се разбере потеклото на коронавирусот, се чини дека сите карти се на маса. Исто така, се чини дека научниците сè уште се согласуваат дека нема јасни докази за поддршка на можноста од протекување на вирусот од лабораторија.

Меѓутоа, повиците за темелна и транспарентна истрага беа поддржани од членови на научната заедница, особено по извештајот на американската служба за вработените во лабораторијата кои се разболеле кога пандемијата почна да пушта корени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.