Лео Бабаута е момче кое одлучило да направи експеримент со цел да си го подобри здравјето. За почеток, цел месец престанал да пие кафе и пијалоци со кофеин.

Признава дека било тешко и речиси невозможно, на неколку пати дури размислувал да се откаже од експериментот.

Но еве што забележал кога се одвикнал и сфатил дека нема потреба од кафе:

1. Очекувал симптоми како што се главоболка, замор и слабост, но се изненадил, бидејќи немало ништо слично. Лео често се буди свеж пред алармот и имал многу концентрација од утрото.

2. Единствениот проблем за него бил мирисот на кафе. Кога гледал како другите пијат кафе, имал желба и тој да проба. Но и тоа го издржал.

3. Најголем проблеми имал по мрсните и солени јадења. Жедта ја гасел со вода, но немал потреба од силно кафе веднаш после јадење.

Што научил Лео само по еден месец без кафе?

Мислев дека откажувањето ќе ми биде многу потешко отколку што навистина беше. Но да имаш навика, со која да го замениш утринското и попладневното кафе навистина помага.
Кога ќе доживеете акутна потреба од кафе, можете да го замените со чаша топол и вкусен чај. Парче пица или кифла? Зошто да не? Уште една важна работа – сега гледам дека потребите се минливи, дури и најсилните. Од голема помош е ако јавно го кажете Вашиот предизвик.

Ако вашите колеги, пријатели и членови на семејството знаат дека избегнувате кофеин, на секој можен начин, ќе Ви помогнат. За почеток, нема да Ви понудат кафе, ниту ќе пијат поблиску до вас. И верувајте, тоа е од клучно значење за да издржите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.