Министерството за здравство на Шпанија во петокот пријави повеќе нови инфекции со коронавирус од кој било друг ден од почетокот на пандемијата, 12.183 случаи, со што вкупниот број достигна 566.300 лица, пренесува новинската агенција Анадолија.

Бројката од петокот е нов рекорд на новозаразени од крајот на строгата блокада која земјата ја имаше до јуни.

Смртните случаи се зголемија за скоро 50 во петокот, оставајќи ја земјата со најмалку 29.747 загубени животи досега. Во последните 24 часа хоспитализирани се 1.124 пациенти со Ковид-19.

Во неделата што заврши на 7 септември, Шпанија спроведе 640.356 ПЦР тестови за вирусот од кои 11,8% од нив беа позитивни, соопштија здравствените власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.