Во последното деноноќие во Дебар нови дијагностицирани со ковид-19 се шест лица. Со ова во изминатите шест дена вкупно се дијагностицирани 19 лица.

Предупредив дека бројот на новозарзени со ковид-19 ќе се зголемува, што е последица на олабавувањето на мерките и непочитувањето на мерките и протоколите, како од страна на граѓаните така и од деловните субјекти. Бројот на заразени е повисок споредено со првата фаза кога имавме 51 случај, изјави градоначалникот Хекуран Дука, кој апелира на строго почитување на мерките.

Од појавата на првиот случај во земјава, на 26 февруари, до сега вкупниот број на заразени во Дебар е 109 лица, од кои тројца се од Центар Жупа. Битката со новиот вирус ја добија 48, четворица починаа, а активни на болеста се 57 лица, од нив седуммина болнички се лекуваат во здравствените установи во Скопје.

Локалните и здравствените власти стравуваат дека ковид-19 ќе се шири поради собирите кои ги организраат партиите, но и пристигнувањето на печалбарите од европските земји, поради што се зголемуваат семејните посети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.