Во услови на високи дневни температури на воздухот и во ситуација кога државата влегува во т.н. портокалова фаза треба да се почитува Законот за безбедност и здравје при работа, изјави министерката за труд социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа потсети дека Законот за безбедност и здравје при работа има јасни дефиниции и се знае граѓаните на која возраст треба да бидат изземени од работа на вака високи дневни температури.

Треба да се заштитат возрасните лица над 60 години и бремените жени. Ние сме во постојан контакт со државниот Инспекторат за труд и верувам дека работниците како најголем капитал на работодавачите треба да ги уживаат работничките права и нивното здравје е најважно – посочи министерката Шахпаска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.