Повеќето луѓе ги фрлаат семките од лубеница кога го јадат овој зеленчук. Семките од лубеница се здрави, иако ќе се согласите, не толку вкусни колку лубеницата. Сепак, нутриционистите советуваат да ги изедете заедно со лубеницата, бидејќи се богати со протеини, витамин Б, магнезиум, монозаситени и полизаситени масти.

Семките од повеќе овошје се генерално добри за здравјето, но семките од лубеница поради сите хранливи состојки на некој начин се ѕвезда меѓу семките, велат експертите.


1. Природен лаксатив

Јадете лубеница сосе семките или зачувајте и и исушете ги коските за подоцна од нив да сварите чај, кој помага при упорна констипација. Семките од лубеница се користат и за лекување цревни паразити.

2. Прочистување на бубрезите
Чајот од семки од лубеница е природен лек за прочистување на бубрезите и за разбивање камен во бубрег. Семките од лубеница имаат диуретско дејство, го прочистуваат организмот, ги елиминираат насобраните токсини и ја подобруваат работата на бубрезите. Можат да елиминираат материите што се таложат во бубрезите и кои формираат камен или песок.

3. Кардиоваскуларно здравје
Во семките на лубеницата има антиоксиданси, кои благотворно влијаат врз крвните садови, ги прошируваат, така што се идеални за луѓе што страдаат од артеросклероза, висок крвен притисок или ангина пекторис. Исто така, корисни се за зајакнување на срцевиот мускул.

4. Нутритивни вредности
Овие семки се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој исто така се содржи и во доматот. Освен тоа, содржат голема количина на магнезиум и цинк. Се препорачуваат за луѓе со хроничен замор.

5. За мажи: Овие семки се користат и за лекување воспаленија на простатата
Семките од лубеница го зајакнуваат и срцето, но и сите мускули во телото. Користењето на ове семки во форма на чај или грицки се препорачува и за подобрување на помнењето и концентрацијата, па дури и за сјај и убавина на кожата.

Чајот од семки од лубеница им се препорачува и на дијабетичари како ефикасно средство за третирање дијабетес тип 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.