Еден од петмина пациенти кои во Германија биле хоспитализирани поради ковид-19 починале, а стапката на смртност се искачи на 53 отсто за оние кои завршиле на респиратор, покажува нова студија на германското здравство.

Податоците за вкупно 10.000 пациенти кои престојувале во 930 германски болници помеѓу 26 февруари и 19 април биле анализирани од германското интердисциплинарно здружение за интензивна нега и итна медицина, Техничкиот универзитет во Берлин и огранокот на здравствената осигурителна групација АОК, WIdО.

Според податоците, машките пациен имаат поголема смртност од жените, со 25 наспроти 19 отсто.

Постарите пациенти се значително поранливи на вирусот, па 27 отсто од пациентите во 70-тите години починале, а не успеале да закрепнат ниту 38 отсто од оние над 80 години.

Пациентите во болниците престојувале во просек по 14 дена, при што оние кои не биле на респиратор биле хоспитализирани во просек по 12 дена, додека оние на кои им била потребна помош при дишење, останувале и до 25 дена.

Експертите предупредуваат против олабавување на мерките и однесувањето кај луѓето, апелираќи населението да се придржува кон превентивните мерки, како што се физичко растојание и носење на заштитни маски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.