Mерните станици кои го мерат загадувањето во Македонија вечерва покажуваат алармантно ниво на загаденост. Загаденоста на воздухот исклучително висока вечерва е во Струмица каде се измерени 425 µg/m3 ПМ10 честички.

Високо ниво на загаденост вечерва има и во Скопје, во Лисиче мерните станици покажуваат дека загаденоста на воздухот е 406 µg/m3 ПМ10 честички.

Потоа следат Кавадарци каде се измерени 328 µg/m3, Тетово 308 µg/m3, Гази Баба 303 µg/m3 и Ректорат високи 293 µg/m3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.