Заразата со морбили продолжува да се шири во охридско –струшкиот регион. Од почетокот на епидемијата во Охрид се пријавени 28 случаи на заболени, а во Струга 119. Меѓу заболените мометално има осум здравствени работници во струшкото хируршко оделение и четвторица ученици од Охрид. Епидемиолозите велат дека секојдневно има појава на еден до двајца заболени особено последниве две недели.

Сите заболени се во стабилна здравствена состојба со лесна клиничка слика. Откако е прогласена епидемијата на мали сипаници, зголемен е бројот на родители кои ги носат своите деца на вакцинација, но и многу возрасни барале да бидат вакцинирани.

Здравствените работници апелираат строго да се почитува забраната за посета на болни лица бидејќи заразата ќе продолжи да се шири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.