Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.237 и има околу 670 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 722 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 97 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 84 болни, а во Куманово 82 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 80 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 22, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 25, Кавадарци 37, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 28 болни.

Вкупно 515 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на 3кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.