Министерот за здравство Венко Филипче при синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека од денеска почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови, а очекува веќе од другата недела да почне и во салата „Борис Трајковски“, која е во фаза на подготовка.

За утре (среда) се повикани постарите граѓани. Вчера (понеделник) кога се отворија термините, беа речиси пополнети. Утре (среда) почнува вакцинацијата во пунктовите во здравствените домови. Салата Борис Трајковски очекувам да биде спремна до крајот на неделава, и веќе од следната да почне и таму масовната имунизација. Во меѓувреме ќе стигне голема количина на вакцини во текот на април, и ќе може тој процес на вакцинација кога ќе почне, да не сопре, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.