Поранешниот новинар, а сега кандидат за пратеник на претстојните  избори од коалицијата „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац, е позитивен на коронавирусот.

За исходот од направениот тест објави самиот на социјалните мрежи. Вели дека, и покрај тоа што максимално ги почитувал препораките за заштита, сепак тестирањето покажало дека е позитивен.

Засега нема никакви симптоми, но со семејството во наредниот период ќе бидат во изолација и под надзор на матичен лекар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.