Со појавата на нови соеви на коронавирус, многумина се заинтересирани за применливоста и ефикасноста на руските вакцини против поновите и понапредните соеви на ковид.

Потенцијалните нови соеви на коронавирус, се чини, нема да ја намалат ефикасноста на руските вакцини против ковид, изјави главниот истражувач на Рускиот институт за истражување на Гамалеја, Виктор Зујев.

„Од денес, на прашањето – дали појавата на мутации може да ја намали ефикасноста на вакцините, можеме да одговориме дека не постои таква опасност“, нагласи Зујев, пренесува руската агенција Тас с.

Претходно, главната руска санитарна докторка Ана Попова изјави дека руските вакцини гарантираат заштита од сите соеви на коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.