Во Русија се пронајдени речиси 1.500 мутации на коронавирусот, изјави денеска Ана Попова, директор на Руската федерална служба за фитосанитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), на маргините на научната конференција на форумот „Гајдар“.

Ова е важен аспект на пандемијата и ние континуирано работиме на тоа. Досега откривме речиси 1.500 мутации – потенцира Попова, пренесе Тасс.

Според Попова, во рускиот институт „Микроб“ во моментов се спроведува анализата на информациите за мутациите на коронавирусот во светот.

Мутациите за кои често се зборува во некои земји, главно европските, станаа видливи уште во септември. Уште повеќе, првите промени од овој вид беа идентификувани во јуни – потврди Попова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.