Вирологот Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано тврди дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мал.

Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот, вели тој.

Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: чистењето мора да се изврши првалино и внимателно.

Но не можеме се да дезинфицираме, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.