Годинава во земјава се регистрирани најмногу случаи со ХИВ/СИДА. Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени, 16 повеќе од лани. Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат. Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови.

Во Битола годинава има пет нови случаи.

Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со ХИВ/СИДА, 104 починале.

Оваа година за прв пат на Mеѓународниот ден за борба против Хив изостана официјална прес конференција од здравствените власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.