Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават клинички знаци благодарение на тестот на крвта кој би можел да ја одреди имунолошката реакција на организмот на клетките на туморот.

Студијата која ја спровеле британските научници покажува дека имунолошкиот одговор на нашето тело на туморските клетки на ракот на дојка може да се откријат пред да се развие болеста. Овие резултати од истражувањето беа презентирани на Националната конференција за рак во Глазгов. Меѓутоа, онколозите предупредуваат дека овие резултати треба да се земат со претпазливост.

Новиот тест на крвта може да го детектира ракот на дојката пет години пред да се појават првите симптоми на болеста, велат научниците.

Тие развиле таканаречени панели на антигени поврзани со ракот на дојката за да детектираат дали во телото постојат авто-антитела против нив во примерок од крвта.

Научниците утврдиле дека е можно да се откријат автоантитела против голем број антигени и до пет години пред појавата на првите клинички симптоми на оваа болест.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.