Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле доби нова донација од Жито Лукс, негатоскопи. Донацијата е дел од континуираниот општествено одговорен однос на компанијата кон здравствените установи кои третираат белодробни заболувања кај децата и истата се спроведува во рамките акцијата „Сè за децата“ на Институтот Козле.

Негатоскопите се технолошки напредна опрема дизајнирана за читање на рендгенските х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза.

Загадувањето на воздухот е актуелен проблем кој е причина за голем број респираторни заболувања кај луѓето. Најпогодени од целата ситуација се децата и токму затоа нашето внимание, како општествено одговорна компанија, го насочивме кон детските здравствените институции, изјави Лидија Трајковска Ристевска, Маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Оваа е веќе трета донација од компанијата Жито Лукс за Институтот Козле и новите апарати значително ќе ја подобрат неговата работа и навремената интервенција.

„По континуираната поддршка и активната грижа, во компанијата Жито Лукс препознаваме многу повеќе од општествено одговорна компанија, таа веќе е пријател на оваа здравствена установа и на децата што тука се лекуваат. Секоја донација ни е добредојдена, но посебно нè радува кога станува збор за донација на современа опрема којашто може многу да ни помогне во прецизна, брза и навремена дијагноза“, изјави Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.