Според неофицијални упатени извори, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, ја акредитирал својата сопруга да биде преставник на Министерството на Европската конференција во СЗО за незаразни болести, дознава порталот „Здравство“.

Според порталот, изненадува податокот дека сопругата на државниот секретар, Ленче Милошева, која веќе била присутна на конференцијата и нè преставувала таму, не е компетентна да го прави тоа.

Ленче Милошева, има завршено Филолошки факултет, отсек психологија и како таква не одговара на описот и позицијата која е испратена да ја преставува, бидејќи нејзината вокација нема никаква врска со незаразни болести, нема никакви допирни точки за да биде познавач, а уште повеќе координатор пред поголем аудиториум на темата незаразни болести.

Единствената способност која ја има како квалитет е тоа што е сопруга на Владимир, државниот секретар, пишува порталот.

Министерството за здравство сè уште не ја коментира случката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.