Стручниот тим на Универзитетската Клиника за хематологија првпат досега изврши трансплантација на хематопоетски матични клетки од несроден донор кај пациент на 68 – годишна возраст со дијагноза акутна миелобластна леукемија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од Клиниката информираат дека Иван од Кочани е највозрасниот пациент со акутна леукемија, кој е лекуван со ваков современ тераписки пристап на клиниката. Применето е немиелоаблативно кондиционирање со хемотерапија пред интервенцијата, адаптирано на возраста на болниот и неговите коморбидитети.

 Му посакуваме успешен исход од лекувањето и упатуваме благодарност до несродниот хуман донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи несебично да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Воедно, тимот од Универзитетската клиника за хематологија и македонскиот регистер на доброволни донори со континуирана поддршка од Министерството за здравство и во овие сериозни времиња на пандемија овозможија непрекинато одвивање на овие интервенции со клеточен материјал, кој се транспортира од странски донорски регистри, посочи директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис.

Д-р Пановска-Ставридис потсетува дека во континуитет продолжува кампањата „Биди срцевина, биди херој“, со апел граѓаните да ја покажат својата хуманост и солидарност со зачленување во регистарот, со што ќе станат потенцијални дарители на коскена срц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.