Првото бебе родено годинава во Штип е машко

Здравје 02.01.2020 / 14:25

Ана Божинова (28) роди здраво машко дете на 1 јануари во осум часот и пет минути во штипската Клиничка болница, со што малиот Матеј е првото новороденче во Брегалничкиот регион. Божинова вели дека е родена штипјанка, а е мажена во Радовиш.

Вработена е како медицинска сестра во рудникот „Бучим“.

 Бебето ми е втора рожба тешко е 3.100 килограми и е долго 49 сантиметри. Голема благодарност до вработените на акушерското одделение, вели Божинова.

Гинекологот Наталија Атанасова вели дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Забележува дека минатата година на ова одделение се родени 708 бебиња не само од Штип, туку и од останатите општини од источниот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.