Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на годинешново седмо издание на фестивалот „Прво па женско“ кое ќе се одржува од 9 до 12 мај во МКЦ – Скопје под слоганот „Ова тело кое не е едно“.

Фестивалот започнува на 9 мај напладне, со панел дискусија „Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман“, додека официјалното отворање ќе биде вечерта во 19 часот во Галеријата на МКЦ со отвoрање на изложбата „Ова објективизирано тело“ на Марија Ангеловска.

Целата програма на фестивалот може да ја најдете на фејсбук настанот на Tiiiit! Inc.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.