Можно е првите дози на оксфордската вакцина против Kовид-19 да пристигнат веќе на крајот на декември.

Како што објавија некои британски медиуми, многу веројатно вакцинацијата да почне наскоро со „привремено одобрување за употреба“.

Овие планови за претстојната вакцинација се засноваат врз очекувањето дека вакцината од Оксфорд, чие испитување неодамна беше запрено заради несакани ефекти, сепак, ќе има успешни резултати во третата фаза и многу наскоро може да биде привремено одобрена.

Доколку се покаже точна оваа информација, тоа би значело дека првите дози на вакцината може да пристигнат во земјите на ЕУ на крајот на оваа или почетокот на следната година. Секако, дотогаш вакцината ќе треба да добие одобрение од Европската агенција за лекови, без чие одобрение дури ни Британците не можат да ја користат вакцината до крајот на 2020 година.

Европската комисија се договори со компанијата „АстраЗенека“, која работи на вакцината со Универзитетот во Оксфорд, да испорача 300.000 дози по цена од 2,5 евра, а ЕУ да го преземе ризикот и да ги плати штетите за можните несакани ефекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.